Црна Гора протерува уште шестмина руски дипломати

Од:

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата шестмина дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора.

„Министерството за надворешни работи прогласи шестмина дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора за персона нон грата, поради активности што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на взаемно почитување и уважување меѓу двете земји“ соопшти Министерството преку Твитер.

РТЦГ потсетува дека во денешната акција на Агенцијата за национална безбедност беа уапсени неколку лица, како што потврди премиерот Дритан Абазовиќ. Тој изјави дека акцијата е од меѓународен карактер и дека имињата може да ги соопшти само Специјалното државно обвинителство.

– Акцијата на Агенцијата за национална безбедност против неколку лица осомничени за создавање криминална организација и шпионажа ја враќа довербата на граѓаните и партнерите во таа институција, тврди претставникот на Демократската партија на социјалистите, Предраг Бошковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски