Црна Гора не се соочува со банкрот

Од:

Иако постои сериозен ризик алуминиумскиот комбинат Подгорица да не биде во можност да ги отплати кредитите за кои црногорската Влада има обезбедено гаранции, земјата не се соочува со банкрот, изјави гувернерот на Централната банка на Црна Гора Милојица Дакиќ.

Ако биде потребно дополнително финансирање на буџетот, извори треба да се бараат со зголемување на Данокот на додадена вредност и евентуално воведување привремен данок на платен промет, изјави Дакиќ.

Таа додаде дека последиците за време на економска криза ги трпат сите и граѓаните и економијата и потенцираше дека доколку не се применат мерки за консолидација најмногу загрозени би биле обичните граѓани поради опасноста од неисплата или големо задоцнување во исплатата на платите и пензиите.

Дакиќ предупреди дека буџетскиот дефицит е на високо ниво, како и дека јавниот долг бележи брз раст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски