Црна Гора на БиХ како хуманитарна помош и испрати пиво

Од:

Хуманитарната пратка од Црвениот крст на Црна Гора, која беше испратена до Црвениот крст во Добој, вчера беше сопрена на граничниот премин Клобук, бидејќи во неа имало и пиво.

Имено помеѓу пакетите од хуманитарен карактер, кои требаше да им бидат доставени на загрозените во поплавите, се пронајдени 60 пакувања пиво, кои не се сметаат за хуманитарна помош, туку како акцизна стока – пренесуваат медиумите.

Портпаролот на Управата за индиректно оданочување во БиХ, Ратко Ковачевиќ, потврди дека пивото е вратено од граничниот премин Клобук.

-Која било акцизна роба, како пиво, вино, цигари, не може да биде предмет на ослободување кога е во прашање хуманитарна помош. Поради тоа моравме да ја сопреме пратката. Пивото мора да се врати во Црна Гора, а увозниците мора да достават нова спецификација за робата без пиво.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски