Црна Гора: Младите не читаат весници

Од:

Спроведеното истражување за секојдневието на младите во Црна Гора покажа дека дури третина од нив не читаат весници и не слушаат радио.

Речиси една третина од испитаниците (31,1 %) изјавиле дека гледаат некоја од ТВ станиците преку кабелските оператори, а во таа група доминираат спортските и музички канали како и регионалните станици.

Најголем процент од испитаниците (30,10 % ) гледаат филмови и серии, спортски емисии (20,4 %), додека забавно-музичките програми им го свртуваат вниманието на (18,7 %).

Својата „судбина“ печатените медиуми ја делат со радио станиците бидејќи 33,7 проценти од анкетираните не слушаат радио, што упатува на заклучок дека овие медиуми помеѓу младата популација ја губат трката во однос на останатите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски