Црна Гора ќе побара членство во Арапкста лига

Од:

Црногорската Влада планира до септември да побара статус држава набљудувач во рамки на Арапската лига за да засили контакти со држави од арапскиот свет и со цел привлекување инвестиции.

Директни контакти и подобра соработка со државите од арапскиот свет се главни причини што Црна Гора во септември ќе побара статуст набљудувач во рамки на Арапската лига.

– Со членство можеме да направиме непосреден увид во тоа што работи Арапската лига, во политиката што ја водат, а која може да биде важна за нашата дипломатија. Исто така се отвораат и учества на наши високи официјални лица на состаноци на Арапската лига каде може да се остварат билатерални контакти, вели Павле Каранкиќ од МНР на Црна Гора.

Соработката на Црна Гора и арапските држави е интензивирана во изминатите години. Податоците укажуваат дека од 2007 до 2013 во Црна Гора има околу 80 милиони арапски инвестиции. Во рамки на Арапската лига има 22 исламски држави и четири држави-набљудувачи – Бразил, Еритреја, Венецуела и Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски