Црна Гора е кандидат број еден за членство во НАТО, а нејзината лидерска улога во Западен Балкан е позната во светот, изјави американскиот сенатрот Ричард Лугар, кој се сретна со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, јави Танјуг.
Лугар изјави дека Црна Гора веќе постигнала многу за развојот на правниот поредок, како и развојот на добрососедските односи.
Тој исто така истакнал дека земјата успеала да ја зачува стабилноста и мултиетничкото разбирање и станала активен поддржувач на евроатлантските вредности на Балканот и активен градител на регионалната соработка.
Ѓукановиќ од своја страна истакнал дека Владата во Подгорица е посветена на економскиот развој и динамичното остварување на стратешките надворешно-политички цели за членство во НАТО и ЕУ.