Црна Гора ја зголеми стапката на ДДВ од 17 на 19 проценти

Од:

Новиот закон за зголемување на стапката на ДДВ од 17 на 19 проценти стапи на сила во Црна Гора.

Во Црна Гора имаше протести против оваа мерка за стабилизирање на економијата, која се уште страда од последиците на светската финансиска криза.

Активистите вчера уште еднаш изведоа протестна акција пред парламентот на земјата, изјавувајќи дека во врска со зголемувањето на ДДВ цените се зголемиле повеќе од очекуваното.

Демонстрантите пред влезот на парламентот разлеаја црвена боја, која според нив ја симболизира „крвта на граѓаните“, заради зголемувањето на ДДВ.

-Ние дојдовме на местото на криминалот, на местото каде пратениците гласаа за зголемувањрто на ДДВ, изјави лидерот на активистите Вања Цаловиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски