Црна Гора испраќа амбасадор во Приштина

Од:

Црна Гора наскоро би можела да испрати свој амбасадор во Косово, по подолго одложување на тој завршен чин на воспоставување дипломатски односи.

Според информациите, Радован Милјаниќ, кој одамна се споменува како црногорски амбасадор во Приштина, веќе почна да обиколува разни институции во Црна Гора пред заминувањето во Косово.

Тоа е вообичаена постапка на консултации на дипломатски претставник на една земја, пред и официјално да стапи на должност во друга држава.

Милјаниќ, кој студирал во Приштина, е долгогодишен новинар. Беше и генерален директор на Радио-телевизија Црна Гора.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ претходно повеќепати го повтори ставот дека нема да потпишува указ за именување на црногорски амбасадор во Косово, додека Приштина не го признае статусот на црногорската национална заедница.

Косовскиот Парламент повеќепати најави дека на Црногорците ќе им даде статус на признаено малцинство во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски