Црна Гора со нов концепт за соработка на 6 балкански земји

Од:

Црна Гора се залага за нов концепт на соработка на 6 балкански држави: Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.

Ова како што објавија црногорските медиуми го иницирал шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ, со цел овие балкански држави заедно да работат на евроатлантските интеграции.

Оваа иницијатива, која предвидува понапреден вид на меѓусебна соработка со цел побрза европска интеграција, има и функционален пристап, односно предвидува соработка во подрачјата важни за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и единствена политика за прашањата од заеднички интерес.

„Лукшиќ неодамна во Брисел оваа иницијатива му ја претставил на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ја поддржал идејата за групирање по углед на другите регионални модели на соработка во Европа“, објавија медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски