Црна Гора ги истражува валканите пари на рускиот бизнисмен Александар Романов

Од:

Во Црна Гора е покрената истрага против рускиот државјанин Александар РОманов заради сомнение дека со купувањњето на два елитни хотели на Свети Стефан „испрал пари“ стекнати со некое кривично дело, пишува подгорички „Вијести“.

Весникот, имено, наведува дека кога богатите Руси пред неколку години изнакупија недвижнини на Црногорското крајбрежје, надлежните не проверуваа дали нивните милиони се чисти или потекнуваат од некое кривично дело.

Со текот на времето се отвораа афера по афера, а заедничкото им беше тоа што „валканите руски пари“ завршија на црногорските сметки.

Така неодамна и Александар Романов, сопственикот на два елитни хотели на Свети Стефан, кој во Русија веќе е зад решетки, е ставен на листата на оние чии пари, добиени од корупција, се испрани со купувањето недвижнини во Црна Гора.

Весникот истакнува дека таквата информација ја објави и московска „Комсомолскаја правда“ која вели дека на Романов, инаку, пензиониран полковник на руската надворешно- разузнавачка служба, му бил запленет целиот имот во Москва.

„Комсомолскаја правда“ пишува дека во текот на истрагата било утврдено дека парите што Романов ги стекнал со мито како висок раководител на една државна компанија, ги испрал во Црна Гора.

-Милиони рубљи и долари од таквиот профит, наводно, се испрани преку банки и потрошени на купување акции и недвжнини во странство, тврди московскиот весник, а пренесува „Вијести“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски