Црна Гора ги доби првите дипломирани професори по црногорски јазик

Од:

Иако пред неколку години црногорскиот јазик влезе во Уставот на Црна Гора како службен, во училишниот систем дури пред три дена, од Филозофскиот факултет во Никшиќ, од Отсекот за црногорски јазик и книжевност, излезе првата генерација дипломирани професори по тој јазик.

Парадоксот е во тоа што предавачи им биле професори по српски или српскохрватски јазик.

„Црна Гора конечно ги доби првите дипломирани професори по црногорски јазик и јужнословенска книжевност.

– Верувам дека сме на добар пат, низ работата што ќе следува, да придонесеме во зајакнување на нашиот книжевен и културен идентитет и интегритет во согласност со интересите на црногорската наука, култура и држава“, изјави професорот Весна Јанковиќ Вукичевиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски