Црна Гора демантира дека е постигнат договор со хрватските военовоздухопловни сили за заштита на воздушното пространство

Од:

Началникот на Генералштабот на црногорската армија Драган Самарџиќ негираше денеска информации од медиумите дека е постигнат договор со хрватските военовоздухопловни сили за заштита на воздушното пространство над Црна Гора со поддршка од НАТО.

Самарџиќ додаде дека Црна Горта ќе решава за прашањето за обезбедување на своето воздушно пространство во соработка со НАТО кога ќе стане членка на колективниот систем за безбедност на Алијансата.

Според него, Владата во почетокот на септември дала согласност министерот за одбрана да потпише договор со Хрватска, БиХ и Македонија за Анализа за заштита на воздушното пространство кое ќе се однесува пред се за развој на радарски и ПВО системи нема да биде дел од прашањето за заштита на воздушното пространство над Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски