CNN Turk: Башар ал Асад е ранет и побегнал во Латакија

Од:

Сирискиот претседател Башар ел Асад е ранет при нападите на бунтовничките борци врз Дамаск и побегнал во приморскиот град Латакија, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на пост на Твитер на командантот на Сириската слободна армија, Ријад ал Асад.

Во својата објава на Твитер Ријад ал Асад тврди дека ваквата информација ја добил од луѓе од опкружувањето на сирискиот претседател.

Весникот „Гардијан“, пак објави дека Башар ел Асад бил ранет при вчерашниот напад врз седиштето на сириската служба за државна безбедност во Дамаск, при кој загинаа министерот за одбрана генерал Дауд Рахиџа и заменик-министер за внатрешни работи Асеф Шаукат.

Според весникот, по ранувањето, сирискиот претседател бил префрлен со авион во Латакија, додека неговата сопруга Асма заминала за Русија

Американската администрација од своја страна соопшти дека не располага со информации за тоа каде се наоѓа Асад по вчерашниот напад во Дамаск.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права