Ципрас: Грчката револуција е во тек

Од:

Условите под кои Грција го добива пакетот на меѓународна помош се толку катастрофални што мораат да бидат одбиени, рече лидерот на левичарската партија Сираза, Алексиси Ципрас.

Тој го повтори своето ветување дека ќе го прекине договорот со меѓународните кредитори од кои Грција добива милијарди евра.

„Договорот за помош е веќе минато и ќе остане таму од понеделник, денот по изборите“, изјави тој и додаде дека „процесот на мирната револуција е во тек“.

СИРИЗА беше втора по бројот на гласови на изборите кои се случија на 6. мај и има големи шанси да победи на престојните. Нејзиниот лидер вели дека мерките за штедење наметнати на Атина како помош, ќе ја одведат Грција во пропаст.

Ако Грција не го исполни ветувањето за намалувањето трошоците на буџетот и реформата во економијата, останатите европски земји и Меѓународниот монетарен фонд кои ја поддржуваат, би можеле да се откажат, по што ќе мора да се напушти еврозоната.

Ципрас се надева дека ќе ги убеди европските лидери дека таквото сценарио претставува најголемата закана за натамошното постоење на заедничката европска валута.

По изборите на 6. мај ниту една партија не успеа да формира влада, ниту пак дадоа резултат преговорите за широката коалиција. Затоа и се распишаа нови избори на 17. јуни.

Агенцијата за истражување на јавното мислење предвидува дека најголем број гласови ќе освои конзервативната Нова демократија и СИРИЗА.

Овие избори се клучни за останувањето на Грција во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он