Според податоците на Централната изборна комисија во Приштина, излезноста на денешните избори за Собранието на Косово била 40,04 отсто. Според овој податок, од запишани 1.970.944 гласачи гласале 789.172.
Во Зубин Поток гласале 55,08 отсто, во Косовска Митровица 41,85, а во Звечан 52,94 отсто од запишаните избирачи, објавено е на веб-страницата на ЦИК во Приштина.
Според овие податоци, во Грачаница гласале 22,07 отсто од запишаните, а во Штрпце 47,62 отсто.
Во Приштина гласале 55,68 отсто од запишаните избирачи, а во Призрен 37,72 отсто.