Ветеринарната инспекција во Србија заедно со полиција и инспекција во Крагуjевац открила заробена волчица во зграда на петти кат.
Утврдено е дека во нехигиенски услови се чува женка волк. Наложено е животното да се одземе.
Како што јави „Блиц“, се работи за волчица, а истиот сопственик во заробеништво чувал и лисица.
Државните органи во склад со прописите против него ќе покренат законски мерки.