Чавушоглу понуди помош од Турција за намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со своите колеги од Србија и Косово, пред кои ја изрази подготвеноста на Турција да помогне во намалувањето на тензиите меѓу нив, јави турската приватна телевизија НТВ.

Чавушоглу имаше одвоени телефонски разговори со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала во врска со тензиите на границата меѓу двете земји.

Турскиот министер на своите соговорници им порача дека Турција отсекогаш им придавала значење на мирот и стабилноста на Балканот и дека не е во ничиј интерес да создава нови тензии. Чавушоглу додаде дека здравиот разум мора да надвладее, а Турција е подготвена да направи се што е можно за да ги намали тензиите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Барањата на Русија мора да се исполнат

Чавушоглу: Има членки на НАТО кои не сакаат да заврши војната во Украина

А1он

Чавушоглу: Турција силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија

А1он