Церар до Милановиќ: Арбитражата е единствено важна

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска му одговори на Зоран Милановиќ на повикот да се сретнат и да го разгледаат изнесувањето на граничниот спор пред друга меѓународна правосудна институција, објаснувајќи му дека Арбитражниот договор е единствената важечка основа.

„Арбитражниот договор е и ќе биде единствената важечка основа за решавање на граничното прашање“, одговори словенечкиот премиер Церар.

Како што соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, Церар на Милановиќ му одговорил дека хрватските потези околу арбитражата се „за жалење“ и дека Словенија од таа постапка нема да се откаже, и дека очекува дека таа ќе биде продолжена.

-Словенечката Влада во целост ги отфрла аргументите на кои Хрватска ги темели своите постапки. Арбитражниот договор е и ќе биде единствената важечка основа за решавање на границата меѓу двете држави, истакна Церар.

„Хрватските потези се во спротивност со арбитражниот договор и за нив не постои никакво упориште во меѓународното право“, наведе Церар во одговорот на повикот на Милановиќ.

Милановиќ во петокот го повика својот словенечки колега на состанок на кој ќе се разговара за изнесување на граничниот спор, како што наведе, пред одговорен меѓународен форум, откако Хрватска одлучи да излезе од арбитражаната постапка.

Милановиќ во писмото до Церар предлага средбата да се одржи во Хрватска или во Словенија, имајќи ги во предвид, како што наведе, важноста на вистинското партнерство и сојузинштво меѓу двете соседни држави во Европската унија и во НАТО.

Би можело да ве интересира

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ