Бунт во црногорскиот затвор Спуж

Од:

Околу 70 затвореници во црногорскиот затвор Спуж вчера попладне поставија барикади во своите ќелии, изразувајќи незадоволство од однесувањето на командантот на казнениот дом, кој доаѓал на работа под дејство на алкохол и физички ги малтретирал.

Во саботата тој без причина му удрил шлаканица на еден затвореник, а потоа започнал да го влече за нос и уши. Останатите затвореници се разлутиле и почнале да удираат по вратите и прозорците во знак на протест. Откако чуварите им се заканиле дека ќе бидат казнети, затворениците се барикадирале во своите ќелии, изјавувајќи дека ќе протестираат се додека не биде сменет командантот.

Кон протестот на осудените се приклучиле и околу 30 членови на нивните семејства, пријатели и поранешни затвореници во Спуж, кои се собрале пред зградата на затворот.

Директорот на затворот изјави дека дисциплинска комисија го разгледува случајот и доколку биде утврден прекршок од страна на вработените, ќе бидат преземени дисциплински мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски