Булент Аранч: Во текот на есента можни се нови протести во Турција

Од:

Турската Влада добила најави дека по завршувањето на летото во земјата се можни нови протести, слични на оние за паркот Гези во Истанбул од јуни, што потоа ја се проширија низ цела Турција.

Ова во интервју за турската национална радио и телевизија  ТРТ го изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч, според кого протестите ќе биле организирани под различни форми.

– Може да има протести при отпочнувањето на наставата на универзитетите, може за оваа цел да се искористат спортски натпревари, одбележување на различни годишници или други масовни настани, рече Аранч.

Тој потенцира дека целта на протестите би била да се дестабилизира состојбата во земјата пред локалните избори што треба да се оддржат во март следната година, да биде ослабнета владата и да биде оневозможена владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) да победи на изборите.

– Но, ние во никој случај нема да дозволиме нови протести, слични на оние од паркот Гези во Истанбул и ако има, тие пак ќе бидат задушени. Ќе ги искористиме сите средства за да не ги дозвилиме, нагласи турскиот вицепремиер.

Аранч оцени дека јунските протести за истанбулскиот парк Гези веројатно имале за цел соборување на турската Влада, при што ја обвини опозицијата дека не прави ништо друго освен што повторува дека „оваа Влада треба да си замине“.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски