Бугарската Влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка

Од:

Бугарската Влада вчера на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.

– Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан, се вели во кусото соопштение од владиниот состанок.

Повеќе информации не се соопштуваат, ниту пак детали во врска со утврдената позиција.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротвстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Сверна Македонија. Софија го исвести Брисел дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори и придружната нацрт-декларацијата со образложение дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на поставените бугарски услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.

Советот за општи работи на ЕУ на кој треба да се усвои преговарачката рамка, првично беше закажан за 10 ноември, но беше одложен за 17, што им даде дополнително време на Скопје, Софија и на германското претседателство како медијатор да ги приближат позициите и да постигнат заеднички прифатлив договор, со што би се отстраниле бугарските резерви.

Би можело да ве интересира

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот