Бугарската опозиција бара предвремени парламентарни избори

Од:

Најголемата опозициска партија во Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска повика на распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори во земјата.

„Овој Парламент е истрошен. Владата е истрошена. Затоа, најдобро е да одиме на избори и да го распуштиме овој Парламент“, изјави заменик-претседателот на Пратеничката група на БСП во бугарското Народно собрание, Драгомир Стојнев на денешната собраниска седница.

Како што јави БГНЕС, ваквото барање на социјалистите уследи, откако партијата изрази незадоволство од кусиот дневен ред на собраниската седница, кој вклучува само три точки.

„БСП бара дебата. БСП ја бара вистината, а од (владејачката) ГЕРБ молчат. Вакво нешто се случува втора недела по ред. Мислам дека е исклучително срамно да се предлага ваков дневен ред во услови кога опозицијата достави предлог-закони, кои дури не се разгледани во комисиите“, нагласи Стојнев.

Би можело да ве интересира

Трите партии во идната бугарска владина коалиција договорија за заедничка програма

Партијата на Турците во Бугарија му откажа поддршка на Борисов за уставните измени