Будимир ќе се повика на имунитет, јавуваат босански медиуми

Од:

Претседателот на Федерацијата на БиХ, Живко Будимир се повикал на имунитет и нема да биде уапасен, но му е ограничено движењето, пренесуваат босански медиуми.

Според мегиумите, Будимир е уапсен во акција на Државната агенција за истрага и заштита во БиХ чија цел била откривање корупција во Претседателството на БиХ во Сараево и Владата на Федерацијата на БиХ во Мостар.

Апсењето е заради примање мито за помилување, јави Федералната ТВ.

Портпаролката на претседателот на Федерацијата БиХ, Лаура Бошњак изјави дека Будимир се наоѓа во зградата на Претседателството на БиХ каде е сместен неговиот Кабинет. Таа потврди за извршување претрес и за одредени истражни постапки.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он