Бројот на загинати во автобуската несреќа во Црна Гора се зголеми на 19 лица

Од:

Бројот на загинатите романски државјани во вчерашната несреќа до која дојде кога автобус се преврте во провалија длабока 40 метри во Црна Гора, се зголеми на 19 лица.

Романските медиуми јавија дека четворица од повредените во вчерашната автобуска несреќа се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење.

crnagoranesreka234

Возачот на автобусот со романски туристи од засега непознати причини ја загубил контролата врз возилото, кое излетало во провалија на магистралниот пат Подгорица-Колашин, во близина на манастирот Морача. Повеќето од патниците се возрасни луѓе, кои биле на туристичко патување на релација Србија-Хрватска-Црна Гора.

crnagoranesreka2

Романските власти утрово испратија три авиони со кои преживаните романски државјани и телата на загинатите ќе бидат вратени во Романија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски