Брнабиќ: Од први ноември се зголемуваат платите во јавниот сектор од 8 до 15 отсто

Од:

Владата на Србија усвои предлог за „позитивен ребаланс“ на буџетот, кој предвидува зголемување на платите од 1 ноември за 8 до 15 проценти, изјави денеска на прес-конференција премиерката Ана Брнабиќ.

Најголемо зголемувње од 15 проценти ќе добијат медицинските сестри и техничарите, 10 проценти ќе одат кај лекарите, а после здравствениот сектор најголеми зголемувања ќе има во секторот наука и култура.

Вработените во овие сектори ќе добијат зголемување од 10 проценти, а 9 проценти ќе одат на вработените во образованието, судовите, обвинителствата, службите за социјалните заштита и безбедоносните сили, додека државната администрација ќе добие зголемување од осум отсто.

Премиерката Брнабиќ, изјави дека зголемувањето не би било можно без мерките за фискална консолидација воведени во 2014 година и без дисциплината која нејзината Влада ја одржува.

Од први декември, Брнабиќ најави дека сите пензионери ќе добијат еднократна помош од 5.000 динари (42 евра), додека зголемувањето на пензиите е планирано од први јануари 2020 година и тоа ќе изнесува најмалку пет проценти.

Министерот за финансии Синиша Мали, денес во интервју за Блиц најави дека во декември очекува просечната плата во Србија да изнесува над 500 евра.

Како што изјави, следната година поектираниот стопански раст на Србија ќе изнесува четири отсто, а растот на вкупните инвестиции очекува дека ќе изнесува 9,2 отсто, додека невработеноста ќе падне под едноцифрен број.

Би можело да ве интересира

Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Вучиќ од Охрид: Работните дозволи за Србија ќе важат и во Албанија и во Северна Македонија

Татјана Ташкова

Српски полицајци херојски го спасија живот на деветгодишно девојче

Татјана Ташкова

Ештон: Брисел е вториот дом на Дачиќ

Емир Латифовиќ