Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Од:

Директорот на српската Камцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ оцени денеска дека „Европа со децении не била сведок на порасистичка и пошовинистичка политичка пракса каква денес се спроведува во самопрогласеното Косово“, бидејќи на Србите „брутално“ им е одземено правото на глас. Тој вели дека со тоа „албанските сепаратисти го официјализирале апартхејдот“.

„На интерно раселените Срби не само што им е оневозможено да живеат на своите вековни огништа, туку им е скусено и правото на кој и да е начин да ја изразат својата политичка волја“, се вели во соопштението од Ѓуриќ, кое го пренесува Танјуг.

Тој вели дека српските гласови од централна Србија, без какво и да е логично објаснување се поништени „во оваа шовинистичка фарса, со што протерувањето на српскиот народ од Косово и Метохија и официјално политички е третирано како неотповикливо“.

Косовскиот Изборен панел за претставки и поплаки (ПЗАП) одлучи денеска да ја прифати жалбата на коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечниот резултат на парламентарните избори од 6 октомври на гласовите стасани од Србија и ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да изврши пребројување на гласовите во 1.472 гласачки места.

Лидерот на Нисма Фатмир Лимај на прес-конференција изјави дека по одлуката на ПЗАП коалицијата која тој ја предводи има освоено 5,12 отсто од гласовите и ќе има шест пратеници во новиот Парламент.

Лимај ја оцени одлуката на ПЗАП како храбра и законита, а ја обвини Централната изборна комисија (ЦИК) дека минатиот четврток, на 7 ноември, извршила изборен фалсификат, со тоа што објави нерегуларни конечни резултати, со кои коалицијата остана надвор од Собранието со освоени вкупно 4,98 отсто гласови.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов