Бранимир Главаш излезе од затвор

Од:

Министерството за правда на Босна и Херцеговина ја укина пресудата за Бранимир Главаш и наложи негово ослободување од затвор.

Главаш, кој е осуден на осум години затвор поради воени злосторства над српски цивили во Осиек, денеска излезе од затворот во Мостар.

Ослободувањето на Главаш уследи по одлуката на Уставниот суд на Хрватска за укинување на правосилната пресуда на Врховниот суд за затворска казна за воени злосторства. Уставниот суд побара повторување на постапката.

Загрепскиот Жупански суд, каде се уште е важечка пресудата за десет години затвор, минатата недела издаде потерница за Главаш, со што тој би бил уапсен ако се врати во Хрватска.

Главаш најверојатно ќе остане во БиХ, во местото Дриновци, каде има изградено семејна куќа.

Тој теоретски би можел да биде уапсен и во БиХ, но од екстрадиција го штити двојното државјанство.

Главаш е осуден за случаите „гаража“ и „селотејп“ на осум години затвор поради воени злосторства над српските цивли во Осиек во 1991 година, а досега отслужи три петтини од затворската казна и тоа во затворите во БиХ, на свое барање.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници