Босна и Херцеговина прва на листата на земји со најголемо намалување на населението

Од:

Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население“.

Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население.

Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, едната на седмо, а другата веднаш по неа, на осмо место.

ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Северна Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 отсто од населението до крајот на овој век.

– Анализата на состојбата со населението потврди дека Босна и Херцеговина е земја со „најниска ниска“ плодност во светот – 1,25, високи нивоа на миграција и стареење на луѓето, како и со длабоко вкоренети родови нееднаквости, предупреди неодамна Џон Кенеди Мосоти, претставник на Популациониот фонд на ОН во Босна и Херцеговина, по составувањето на Проекцијата за населението на државата за периодот 2020 – 2070 година.

Тој оцени дека до 2070 година, таквите демографски трендови и нееднаквости ќе доведат до намалување на вкупното население за повеќе од 50 отсто, додека демографската структура ќе се приклонува кон постарата популација, со нејзин удел во вкупниот број жители од над 40 проценти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина