Бошко Обрадовиќ почна штрајк со глад пред Народното Собрание

Од:

Лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ започна штрајк со глад пред Националното собрание.

Обрадовиќ рече дека со ова му се придружува на независниот пратеник Миладин Шеварлиќ, кој ќе штрајкува со глад поради невозможност, како што рече, да ги придобие пратениците во Собранието да расправаат за нарушувања на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и непочитување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН за Косово.

„Само што се приклучив на проф. Д-р Миладин Шевалиќ во штрајкот со глад пред Домот на Народното собрание. И верувам дека нема да бидам единствениот. Не само заради зачувувањето на Косово како дел од Србија, туку и поради кршење на Уставот, рушење на демократијата и одложување на изборите“, напиша Обрадовиќ на Твитер.

Обрадовиќ уште еднаш побара седницата на Собранието на Србија да биде прекината и изборите да бидат одложени до крајот на годината.

Претходно денеска на прес-конференција во српскиот Парламент, Бошко Обрадовиќ изјави дека Двери нема да учествува на претстојните избори закажани за 21 јуни.

Би можело да ве интересира

Тачи ја поздрави најавата за отворање авиолинија Приштина – Белград

САД испратија остро писмо до Тачи, Харадинај и Весели

СБ на ОН: Приштина мора да ги укине таксите за стока од Србија и БиХ

Сандра Бошковска

Џуфи: Косово ќе ги укине царините, изјавите на Харадинај се недипломатски

Курти: „Да“ за обединување со Албанија, „не“ на пазарењето со Србија