Уставниот суд на БиХ донесе одлука дека одредени одредби од пет локални закони во врска со овластувањата на нотарите се спротивни на Уставот во земјата.
Судот ги разгледувал одредбите кои на нотарите им даваат исклучителна надлежност во регулирање на прашањата, како што се основање фирма, купување недвижности, основање хипотека, договор за наследство, предбрачен договор.
Судот смета дека тие правни работи не треба да бидат исклучителна надлежност на нотарите, што значи дека можат да ги извршуваат и други квалификувани поединци, вклучувајќи ги и адвокатите.