Босанец тужи Малезијка дека го искористила поради спермата и барала да имаат секс шест пати на ден

Од:

Босанец со постојано живеалиште во Малезија ќе влезе во судските анали на земјата. Ервин Ахбабовиќ ја тужи својата поранешна девојка бидејќи наводно го искористила само да му ја земе спермата, пишува порталот Klix.ba.

Тој тврди дека поранешната девојка го искористила за да добие бебе со европски гени и поради тоа поднел тужба до Врховниот совет во Куала Лумпур.

Ахбабовиќ, кој има фирма во Малезија, тврди дека влегол во врската со искрени чувства и љубов. Кога на 7 февруари им се родил син, Ерван верувал дека тоа ќе биде чекор кон брак, но неговата девојка не се согласила.

Тој тврди дека по раѓањето на детето, 29-годишната девојка постојано го обвинувала и барала причина за кавга, тука ја навел и желбата за секс на неговата девојка којашто ги преминувала нормалните граници.

„Барала тоа да го правиме шест пати дневно по еден час. Ми се закануваше дека ќе изврши самоубиство доколку не и ги исполнам сексуалните желби или ја напуштам без причина”, вели Ахбабовиќ.

По прекинот, девојката му забранила на Ервин да го гледа детето, и како што тврди тој, му признала дека го искористила само поради спермата. Тој бара паричен надомест од 140.000 евра, а на 1 октомври почнува судењето.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он