Босанец обвинет за поттикнување терористички активности

Од:

Судот во БиХ вчера покрена обвинение за тероризам против Хусеин Босниќ, неформален лидер на радикални исламисти во таа држава, кој беше приведен во големата полициска акција во септември оваа година.

Според обвинението Босниќ (42) кој што е познат како Билал се терети за јавно поттикнување на терористички активности и организирање терористички групи.

Тој на сите можни начини, на собири и преку социјалните мрежи држел говори со кои ги поттикнувал припадниците на селефиските заедници да се приклучат на Исламска држава, која според Советот за безбедност при ОН важи за терористичка организација.

Во обвинението се истакнува дека тој е виновен за приклучување на голем број државјани на БиХ во ИСИС во Сирија и Ирак.

Инаку Босниќ неодамна преку медиумите на ИСИС порача дека целиот свет ќе биде исламска држава и дека нивна цел е Ватикан да стане муслимански.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници