Непознати напаѓачи денеска, фрлиле неколку мали бомби на министерството за правда на Турција и на канцелариите на владејачката партија на премиерот Таип Ердоган во главниот град Анкара, каде што две лица се повредени.
Приватната новинска агенција Доган објави дека полицијата уапсила две лица осомничени за вмешаност во денешните симултани напади во Анкара, пренесе АП.
За сега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите, кои уследија откако полицијата презеде остри мерки против осомничени членови на забранетите левичарски милитантни групи, наведува американска агенција.
Курдските бунтовници и исламските екстремисти, исто така, вршат бомбашки напади во Турција.