Еден 20-годишен студент е идентификуван како бомбашот-самоубиец кој во терористичкиот напад од понеделникот, во пограничниот град Суруч, уби 32, а рани други сто лица, јавуваат турските медиуми.
Медиумите го идентификуваат бомбашот како Сејх Абдулрахман Алаѓоз, за кого велат дека има курдско потекло.Тој е роден во градот Адијаман, во југоисточна Турција, каде почнал да студира и се верува дека бил поврзан со џихадистичката Исламска држава.
Турските власти и натаму ја обвинуваат ИД за терористичкиот напад во Суруч, но медиумите откриваат дека властите потврдиле оти направените ДНК тестови покажуваат дека бомбашот има „курдски корени„.
За Алаѓоз се вели дека пред шест месеци „заминал од дома„. Неговите родители објаснуваат дека не занеле каде отишол, но властите веруваат дека се префрлил на сириска територија, во деловите под контрола на ИД, помогнат од групи поврзани со џихадистите.
Крвавиот инцидент во Суруч претставува еден од најтешките и најголемите терористички напади во Турција во последните години.
Сите жртви се млади луѓе, најглемиот број студенти, кои се собрале во градот, подготвувајќи се да заминат за сирискиот град Кобане, кој е лоциран сосема близу до Суруч,на турската страна од границата, за да помогнат во организирањето помош за обновата и изградбата на целосно разурнатиот град, што извесно време беше под контрола на ИД.
И во двете места, Курдите се мнозинско население, а голем број припадници на оваа етничка заедница од Сирија, побегнаа во Суруч пред сунитските џихадисти да навлезат во Кобане.
Курдските милитанти во меѓувреме признаа дека тие стојат зад убиството на двајца турски полицајци. Во објавеното сооптение тие велат дека убиствата се извршени во знак на „одмазда за нападот во Суруч„.
Во Истанбул се одржаа и масовни протести против „негрижата„ на турските власти кон курдската етничка заедница, а дел од јавноста на Турција се согласува дека владата нема направено доволно за да се подржат Курдите во нивната борба против џихадистите на ИД во пограничниот реон со Сирија.
Официјална Анкара ги отфрла ваквите обвинувања.