Нов претседател на српската Демократска партија (ДС) е Бојан Пајтиќ, кој синоќа, на Изборното собрание на ДС, го победи досегашниот претседател и единствен противкандидат Драган Ѓилас.
Пајтиќ освои 1.461 гласа, додека за Ѓилас гласаа 1.277 делегати.
Пајтиќ во обраќањето до делегатите рече дека ова се последни избори во ДС кои се спроведуваат по делегатски систем и дека секои следни избори ќе бидат непосредни.
Тој порача и дека сетоа своја енергија, знаење и снага ќе ги вложи во консолидација на партијата.