Битката со пожарите во Грција продолжи денеска на четири главни фронта – на островите Родос, Крф и Евија и областа Дерванакија во Ахаја.
На Родос, противпожарните единици се обидуваат да ги локализираат активните пожари, а од утрово продолжува гаснењето со авион, пренесува Катимерини.
Во моментов се ангажирани два авиони и три хеликоптери кои им помагаат на пожарникарите на копно, а нивниот број ќе се зголемува во текот на денот.