БиХ: Забранет увоз на млеко, без лекарска контрола

Од:

Увозот на млеко и млечните производи, како и животинска храна во Босна и Херцеговина може да оствари, само доколку со производите се испрати и лабораториски извештај, стои во соопштението од канцеларијата за ветеринарство.

Информацијата е наменета за сите увозници на производи од животинско потекло во Босна, а е резултат на испитувањата на млекото увезено од Хрватска во кое имаше количина на афлатоксин М1, кој ја преминува дозволената граница.

Како што јави независната агенција ОНАСА, доколку со пратките не стигне и лабораториски извештај, истите нема да бидат увезени.

Инаку, во Градиш во две продавници е пронајдено млекото, од спорната серија на хрватските произведувачки “Дукат“ и Виндија“, кои содржат канцероген афлатоксин.

Пронајденото млеко ќе биде уништено, а инспекторатот во Босна ќе ги преземе сите мерки од својата надлежност.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина