БиХ: Во акцијата „Тесла“ уапсени 11 вработени

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Во полициската акција „Тесла“ денес се уапсени 11 вработени во бањалучката Електрокраина поради сомнеж дека со одредени приватни компании краделе струја.

Како што е потврдено од полицијата, тие на компаниите им ги намалиле сметките за потрошена електрична енергија, а за возврат од нив добиле надоместок.

Извршен е претрес во стамбени и останати простории кои ги користеле вработените, и во нив се пронајдени и одземени поголем број предмети кои ќе служат како доказ во кривичната постапка.

Акцијата „Тесла“ која е насочена кон откривање на кривични дела и злоупотреба на службена положба или овластување и кривично дело, примање и давање мито, заеднички ја спровеле претставниците од Обвинителството од Бања Лука и Центарот за јавна безбедност, во соработка со Електрокраина.

Истрагата за оваа афера, траеше изминатите шест месеци.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина