БиХ: Суспендирана судијката „егзибиционист“

Од:

Судијката од Врховниот суд на Федерацијата на Босна и Херцеговина, што без облека играла, вежбала и читала весници пред прозорецот на својата канцеларија во Палатата на правдата, ќе биде привремено суспендирана од работа, пренесува Танјуг.

Весникот „Дневни Аваз“ на 17 мај објави фотографии од судијката, склона кон овој вид егзибиционизам. Канцеларијата на Дисциплинскиот обвинител на Врховниот судски и обвинителски совет на БиХ, веднаш почна истрага за утврдување на сите околности од овој скандалозен случај.

Канцеларијата потврди дека веднаш е поднесено барање за привремено оддалечување на судијата од работа, а се очекува Првостепената дисциплинска комисија да донесе конечна одлука за ова барање.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина