БиХ со најмал број на деца на една жена во светот

Од:

Босна и Херцеговина повторно е меѓу земјите кои не можат да се пофалат со наталитетот, откако извештајот на францускиот Институт за демографски студии (ИНЕД) ја стави меѓу екстремните случаи кога станува збор за бројот на деца на една жена. 


Податоците укажуваат дека на 1.000 новородени бебиња умираат пет, но она по што БиХ, заедно со Андора, е единствена во светот е бројот на деца на една жена кој изнесува 1,2.


За споредба, во Хрватска и Словенија оваа бројка изнесува 1,5, а во Србија 1,4, додека просекот во земјите од ЕУ е 1,6 деца на една жена. Во светот најголем број деца на една жена има Нигер – неверојатни 7,6.


Според истражувањето на Институтот, во БиХ живеат 3,8 милиони луѓе, а факт е и дека бројот на новородени лица е помал од бројот на починати.


Поради овие факти, ИНЕД предвидува дека во 2050 година во БиХ ќе има 3,3 милиони жители.


Исцрпната студија на Институтот за 2013 година предвидува дека до крајот на векот на планетата ќе има меѓу десет и 11 милијарди жители, додека Индија до 2050 ќе го преземе првото место во светот кога станува збор за бројот на жители.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он