БиХ: Штрајк поради учење на српски

Од:

Како што пренесува „Б92“ на првиот школски ден оваа година во основното училиште во Коњевиќ Поле, неместо ученици, ќе се најдат нивните родители, кои штрајкуваат поради учење на српски јазик.

Претседателот на Советот на родителите, Мухамед Ахметовиќ изјави дека е донесена одлука за бојкот, бидејќи им е скратено правото на изучување на националните групни предмети, иако сите 143 ученици се од бошњачка националност.

-На хартијата е се напишано, но во пракса нашите деца босански јазик учат од три книги на српски јазик, што е најлошо тој предмет им го предава жена од Србија. Од вкупно 31 наставници, само една учителка е Бошњакиња, сите други се Срби –изјави тој и додаде дека проблем претставува и тоа што во училиштето нема ниту вода, ниту тоалет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он