БиХ: Претседателот на Федерација земал по 15.000 евра, за една година помилување

Од:

Притворањето на претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир и денес е тема број еден во медиумите во БиХ. Будимир е осомничен за примање мито при помилување на осудени лица.

Цената која што тој ја наплаќал била 30.000 конвертибилни марки (15.000 евра), за една година помилување.

За околу две години тој наводно потпишал 162 помилувања, од кои 32 осудени лица во целост ги ослободил од издржување на казната.

Застапникот на Будимир, Фахрија Каркин изјави дека претседателот на Федерацијата е запознаен со обвинението, кое се однесува на злоупотреба на службената функција и дела од областа на корупцијата и подмитувањето.

-Многу ретко се случува да се притвори претседател и да се врши претрес во простории на претседателство –констатираше Каркин и додаде дека Будимир цврсто верува во правосудниот систем на БиХ.

Според медиумите, истрагата започнала откако извесен Армин Куловац побарал врска за помилување на својот брат Адмир, на кого му била изречена казна затвор поради силување и трговија со дрога.

Заинтересираните ги контактирале претседателите на бошњачкото и хрватското здружение, Сауд Кулосман и Иван Јурчевиќ, кои биле посредници кај советникот на Будимир, Петар Баришиќ.

Клучен доказ за кривичните дела на претседателот на Федерацијата е телефонскиот разговор помеѓу него и Кулосман.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски