БиХ: Полицајци шверцувале цигари

Од:

Неколку припадници на граничната полиција во БиХ, се помеѓу 15-те обвинети за криумчарење на цигари во вредност од околу 160.000 евра. Во полициската акција запленети се повеќе од 120.000 кутии цигари.

Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против 15-лица, вклучувајќи и неколку припадници на Граничната полиција и Државна агенција за истражување и заштита (СИПА), кои се теретат за криумчарење на цигари од Црна Гора во БиХ, во вредност од 160.000 евра.

Помеѓу обвинетите се тројца припадници на полицијата, еден службеник на СИПА и еден службеник од Управата за оданочување, пренесе агенцијата „Хина“.

Членовите на групата се теретат дека во текот на 2011 година делувале како организирана група, која криумчарела цигари од Црна Гора и Бих, а обвинетите препадници на Граничната полиција и СИПА им помагале и им откривале тајни податоци.

Обвиненијата против припадниците на криминалната група ќе стапат на сила кога судот во Бих ќе го потврди кривичното дело.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он