Во Босна и Херцеговина, синоќа речиси 350 мигранти беа депортирани со автобус од кампот во Вучјак, кај Бихаќ до Ушивак близу Сараево. Тие таму ќе престојуваат во текот на зимата, додека не се оспособи касарната во Блажуj.
Силни полициски сили го обезбедуваа пристигнување на мигрантите на локалитетот, а порталот „Кликс“ известува дека сè поминало без инциденти.
Меѓутоа, првично само три автобуси влегле во касарната Ушивак, додека пет биле запрени во Хаџиќи. Сепак, и тие подоцна биле пренесени и касарната Ушивак.