Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против 12 лица, државјани на БиХ, кои се товарат дека станале членови на организиранa терористичка група и противзаконски учествувале vo вооружни судири на подрачјето на Сирија и Ирак, јавува Фена.
Обвинетите се товарат дека во текот на 2013 година и 2014 година, како припадници на т.н. салафитска заедница во БиХ, а надвор од официјалните институции на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, во неколку градови и места во земјата прифатиле радикална идеологија на т.н. Исламска држава и ја напуштиле БиХ со цел приклучување кон терористичката организација ИД, која дејствува во Сирија и Ирак. Исламската држава од страна на Советот за безбедност на ОН е прогласена за терористичка организација.
Обвинетите се товарат дека организирано и во договор со ним познати лица оделе во Турција, од каде илегално преминувале во Сирија каде престојувале повеќе месеци и учествувале во теористичкие активности во Сирија и Ирак.
Обвинителството на БиХ за овој предмет спровел повеќемесечна и детална истрага во соработка со полициските и безбедносните агенции по БиХ како и партнерските агенции во борба против тероризмот од регионот и светот.
Обвинителството одговорноста на обвинетите ќе ја докажува со повикување 25 сведоци и стручни вештаци, а со обвинението се приложени повеќе од 100 доказни материјали.