БиХ ја презеде контролата врз својот воздушен простор

Од:

Босна и Херцеговина денеска во раните утрински часови успешно ја презеде контролата врз својот воздушен простор, изјави заменик-директорот на Агенцијата за воздушна пловидба (БХАНСА), Џелал Хасечиќ.

Според локалното време БиХ ја презеде контролата врз своето небо во 4:14 часот, односно во тоа време преземањето беше завршено, а првиот авион кој прелета над Сараево беше саудиски.

– Ова навистина е историско случување за нас и дело на нашите контролори, на нашите инженери, менаџментот и исклучително добрата поддрша на нашите соседи пред се на СМАТСА (Контрола на летање на Србија и Црна Гора), ЦЦЛ (Хрватската контрола на воздушната пловидба) и Еуроконтрола, прецизираше Хасечиќ и додаде дека било потребно многу работи да се усогласат за тој процес на транзиција да заврши.

БиХ никогаш досега немала контрола врз својот воздушен простор, а исклучок беше воздушниот простор, кој е во неспоредна близина на локалните меѓународни аеродроми, односно во близина на аеродромот во Сараево, Бања Лука, Мостар и Тузла.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници