БиХ: Избори без инциденти, граѓаните не веруваат во политичарите

Од:

Локалните избори во БиХ поминаа во фер и коректна атмосфера. Поголем инцидент се бележи во градот Оџак, каде претседателот на тамошната изборна комисија уфрлил 55 гласачки ливчиња во кутијата.

ма и други приговори, кои воглавно се однесуваат на кршење на изборниот молк, односно лобирање или притисок да се гласа за одреден политички субјект, или гласачи кои се избришани од списокот, на кои им беше дозволено да гласаат на непотврдени гласачки ливчиња. Одзивот до 16.00 часот, како што соопшти ЦИК бил речиси 45%, а гласачите на овие локални избори покажаа околу 18% поголема заинтересираност да ја извршат својата граѓанска обврска отколку на претходните избори.

Но, имаше и такви кои на гласачкото ливче немаа опција која би ги задоволила. Па, така, гласаа за Чак Норис, Боб Марли, Бетмен, или за фудбалскиот клуб “Железничар“…Колку има вакви неважечки ливчиња, ќе биде соопштено деновиве, но тоа сигурно покажува дека дел од граѓаните повеќе не и веруваат ниту на една политичка партија.

Реториката на домашните политичари и експерти, на странските претставници и оваа година во стилот: Граѓаните сами решаваат за својата судбина. Високиот претставник, Валентин Инцко соопшти дека граѓаните имаат можност да одлучуваат за идниот правец во кој ќе тргне нивната зедница и држава и дека треба да ја искористат. Американскиот амбасадор, Патрик Мун, пак, рече дека очекува по локалните избори, политичките партии да се занимаваат со економските и други прашања во БиХ. А дали ќе биде така, голем знак на прашалник, оти политичарите сепак најмногу сакаат да се занимаваат со себе си.

Инаку денеска босанците и херцеговците гласаа за 135 началници на општини, за 5 градоначалници, за општинските совети во Федерацијата и во Република Српска, како и во Дистриктот Брчко. Првите нецелосни прелиминарни резултати се очекуваат околу полноќ.

Сараево, Емица Нијами Налбантиќ

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски