БиХ има два проблема на патот кон НАТО: Скептицизмот кон Алијансата во Српска и воениот имот

Од:

Босна и Херцеговина има два проблема на патот кон НАТО – скептицизмот кон членството во Алијансата во Република Српска и решавањето на прашањето за недвижниот воен имот, беше констатирано на денешната средба на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен со претседателот на колективното босанско претседателство Небојша Радмановиќ и членот на претседателството Желко Комшиќ, пренесе агенцијата Анадолија.

На прес конференцијата по средбата Радмановиќ изрази надеж дека посетата на Расмусен ќе значи чекор напред за Босна и Херцеговина, која со години наназад е партнер на НАТО во мисиите низ целиот свет.

Расмусен, од своја страна, подвлече дека Босна и Херцеговина е важен партнер на НАТО и ќе има корист од членството во Алијансата, каква имаа земјите од Централна и Источна Европа – висок економски раст, нови работни места и просперитет.

-Босна и Херцеговина може истото да го постигне ако има волја меѓу политичките лидери. Ве уверувам дека сме подготвени да помогнеме во вашите напори за реформи, но само вие можете да ги спроведете и да ги постигнете зацртаните цели, од кои ќе имаат корист сите народи во вашата земја, рече Расмусен.

Генералниот секретар подвлече дека Алијансата го направила првиот чекор, со гарантирањето на членството во НАТО на Босна и Херцеговина веднаш штом таа го реши прашањето за воениот имот, односно штом сопственоста врз тој имот биде префрлена од двете одделни административни единици (Муслиманско-хрватската федерација и Република Српска) врз заедничката држава.

Одлуката за ова прашање, според Расмусен, ќе биде знак дека сите политички лидери во Босна и Херцеговина можат да постигнат спогодба и државата може да работи како целина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски