БиХ: Градоначалник на Требиње гаѓал новинар со диктафон

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Градоначалникот на Требиње, Славко Вучуревиќ на вчерашната конференција со диктафон го гаѓал новинарот од БН телевизија, Небојша Вукановиќ.

Вучуревиќ тоа го сторил, откако новинарот го поставил диктафонот на местото предвидено за тоа.

Нападот на Вукановиќ се претвори во навреди, но навредени и понижени беа и останатите новинари кои беа подготвени да ја напуштат конференцијата – пишува порталот „Бука“.

Градоначалникот не штедел зборови ниту за останатите новинари, а во повеќе навради викал, па новинарите му предложиле „нормално“ да зборува и да престане со нападите.

Тој рекол дека е роден во село и дека навика му станало гласно да зборува, бидејќи често викал од околните ридови.

Купи литар маслиново масло и голтни ја изборната кампања. Славко Вучуревиќ е градоначалник! Кога ти ќе победиш јас ќе го почитувам тоа – им порачал Вучуревиќ на новинарите.

Според медиумите на градоначалникот не му се допаднало прашањето за вработување во градските служби.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар