БиХ: Фокус врз намалување на последиците од влезот на Хрватска во ЕУ

Од:

Европската комисија заедно со властите на Хрватска и Босна и Херцеговина, работи на изнаоѓање решение за да се намалат негативните економски последици од влезот на Загреб во ЕУ врз БиХ, тврди Петер Стано, портпарол на европскиот комесар за проширување.

– За да се олезнат можните негативни последици врз БиХ и нејзините граѓани…се работи на изнаоѓање начини за олеснување на протокот на луѓе и добра меѓу двете држави по влезот на Хрватска во ЕУ, изјави Стано за сараевски медиуми.

Според него, Европската комисија сега работи на воспоставување посебен режим на проток на стоки од БиХ низ хрватското пристаниште Плоче по 1 јули – планиран за влез на Хрватска во Унијата.

Членството на Хрватска во ЕУ ќе има позитивен ефект за БиХ доколку таа држава се фокусира врз реформи, смета Стано.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он